ТЕРА

REKLAMA???

Импресивниот настап на Балтовски ги одушеви жирито и публиката – течат 24 часа гласање

Во тек е 24 часовно гласање кое ќе го одлучи исходот од полуфиналето на „Никогаш не е доцна“.
Гласањето се спроведува на следниот линк:

https://nnk.app.do/nikad-nije-kasno-glasanje-14-06-2026-glasanje-traje-24h


Македонскиот кандидат, битолчанецот Илија Балтовски успеа во она што за многумина е недостижно – во полуфиналето на емисијата „Никад није касно“ приреди настап кој долго ќе се памети и го преплави студиото со искрени емоции.

Во пресрет на големото финале, возбудата во популарниот музички серијал го достигнува својот максимум, а битолчанецот Илија Балтовски уште еднаш докажа дека е вистински мајстор за пренесување на чиста емоција на сцената.


Изведувајќи го легендарниот и исклучително тежок хит на Масимо Савиќ, песната „Стине“ (Stine), тој успеа да ги допре срцата на сите присутни во студиото и да измами силни реакци кај стручното жири и кај публиката.

Дека се работи за исклучително тешка задача потврдија и коментарите на жири комисијата. Изборот на вакво ремек-дело бара не само вокална зрелост, туку и голема храброст, особено во самата завршница на натпреварувањето, заклучува жирито.

Емина Јаховиќ не го криеше своето воодушевување од целокупниот впечаток. „Се случи некоја необјаснива магија, премногу ми се допадна. Беше фантастичен!“, рече таа.

На неговата автентичност и моќна изведба не остана рамнодушна ниту фолк-ѕвездата Милица Тодоровиќ, која на свој препознатлив начин, кратко но ефективно ги сумираше впечатоците, потврдувајќи дека Илија донел нешто навистина посебно на Гранд сцената.