ТЕРА

REKLAMA???

Промовирана нова патека за планински велосипедизам на Пелистер

Со Протокол Мираж на Ротинско езеро НП „Пелистер“ викендот ја промовираше новата патека за планински велосипедизам . Посетителите на велосипеди уживаа во 16 километарскиот адреналински круг што го поврзува Инфоцентарот со селата Цапари и Ротино. Истовремено беше промовирана и новата планинарска патека која води од с. Цапари до Лоша Стена.

Посетителите уживаа во вистинска планинска авантура која собра голем број вљубеници на планината на Ротинско езеро.

Амбиентот кој ја опкружува новата патека е вистинско природно богатство велат посетителите.

Настанот беше во организација на PROJECT 7000 и ЈУ Национален парк Пелистер со поддршка на Екстрим бајк Битола, Велосипедска Федерација на Македонија и Федерација за планинарство на Македонија со цел да ги промовира природните вредности на Битола и Македонија, здравиот начин на живот, планинските спортови и подигнување на јавната свест во насока на зачувување на природата.
За музичкиот дел се погрижија DJ MIILO, DJ MANUEL KANE, DJ KIKI BOTONAKI и DJ NIKIFOR кои ги забавуваа битолчани се до вечерта.