„Како е можно објект со функција за третман на отпадни води во индустриска зона да нема видлива ознака, да има оштетена ограда и да нема јасно назначен одговорен субјект?“ Ова денеска е дилемата којашто ја отвора тера телевизија откако не доби одговори од директорот на ИЗ Жабени, зошто пречистителната станица не работи ?

Прашањето од најавата на овој телевизиски приог се наметна по денешното одбивање на директорот на Индустриската зона Жабени да даде одговор на прашањата коишто ТЕРА ТВ ги испрати во петокот, на 12 овој месец.
Во денешниот обид за разговор со директорот Владо Талевски тој најпрвин не увери дека е чисто и дека сме влегле во некој друг објект.
До крајот на оваа куса интеракција на најавата дека ТЕРА повторно ќе ја сними состојбата на пречистителната станица директорот ни кажа дека наоколу има многу полиција и дека може да интервенира доколку некој неовластено влезе во објектот.
На ова претходеше прилогот на ТЕРА . Снимките направени на 11 јуни ги објавивме на 12.
Пречистителната станица и трансформаторската станица во Жабени беа пуштени во употреба во 2013 година како клучни инфраструктурни проекти за функционирање на зоната, со инвестиција од околу 1,8 милиони евра. Пречистителната станица беше наменета за пречистување на отпадните води од индустриските објекти во зоната.
Но, таму немаше никој. Само високи и густи треви на неизодена патека, отворена заглавена врата и ниту еден знак кој укажува на стратешки објект. Патем, пречистителната станица во Индустриската зона Жабени нема формален статус на стратешки објект, но по својата функција претставува критична инфраструктура без која не може да функционира индустрискиот комплекс. Нејзино оштетување или нефункционирање би имало директни последици врз животната средина, компаниите во зоната и економската активност во Пелагонискиот регион.“
Денеска, а веројатно од петокот откако беа испратени прашањата до директорот Владе Талевски, тој се занимаваше со расчистување на теренот. Кој денеска изгледа вака

Искорнети тревите сосе нивните корени, нова брава во вратата затворена со нов сребрен синџир и шахта којашто пред 4 дена неможеше да се види. Видливо е искорнувањето или брзото косење на тревата којашто го обиколуваше обејтот. Ни денеска ниту во четвртокот нема луѓе, обезбедување, стражар. За разлика од мртвата тишина збогатена со удавениот орел, денеска се слушаше звук. Работи.
Во околината, кадешто се наоѓа стратешкиот објект – трафостаницата, има само еден единствен знак – дека проектот некогаш го финансирала мисијата на ЕУ во Македонија.
Оттука и новинaрскиот, не нужно саркастичен заклучок – високата и густа шума, трн до трн, била за зaштитен знак.

Во европските земји од кадешто во 2013 година биле алоцирани средствата веројатно верувале дека треба да има неколку групи на предупредувачки знаци: за забранет пристап – на неовластени лица, движење само со дозвола и слично, групата знаци за опасност -во случајиов од паѓање отворени шахти и базени и од гасови и контакт со отпадни води и , најпрвин, информативна табла.
Оттука денеска се наметнаа неколку нови прашања за директорот кој сепак вети дека ќе бидат одговорени во текот на утрешниот ден : кој во овие три дена го исчисти просторот и ја вклучи пречистителната станица и, кога беше објавен тендерот за одржување и чистење на пречисителната станица , колку чини , а потоа и кој правен субјект беше одбран?
Инаку, ќе доминира дилемата како е можно објект со функција за третман на отпадни води во индустриска зона да нема видлива ознака, да има оштетена ограда и да нема јасно назначен одговорен субјект?












