ТЕРА

REKLAMA???

Битола – град по мерка на децата ?

Дали Битола е град по мерка на децата? Ова е најновото њеб анкетно прашање коешто сеуште може да го одговорите на интернет страницата tera.mk

Досегашните резултатит покажуваат поделено мислење кај граѓаните за тоа. Од досегашните одговарања на прашањата 32 % сметаат дека битола е град по мерка на децта, 35% сметаат дека не е, а 35% оценуваат дека градот има неискористен потенцијал.

Фактите говорат дека само една третина од граѓаните имаат позитивна перцепција за условите кои се обезбедени во градот.

А токму тука се отвораат прашањата: дали има доволно уредени детски игралишта? Дали јавните простори се безбедни и достапни? Дали децата имаат доволно можности за спорт, рекреација и културни активности? Нашите денешни снимки ја отсликуваат реалната состојба.

Познавачите на локалната самоуправа потенцираат дека градовите по мерка на децата не се мерат само според бројот на игралишта, туку според тоа колку најмладите се присутни во урбаното планирање и во одлуките што го обликуваат нивното секојдневие.  „Детски пријателски град“ ( Child Friendly City) e инцијатива на УНИЦЕФ во која Битола не е рангиран. Всушност ниту е споменет како град кој нешто правел за да биде по мерка на децата. Иако начелно има Локален младински совет, нема активности кои се посветени на децата. УНИЦЕФ и СЗО во своите урбанистичките критериуми ги нагласуваат кратките и безбедни растојанија за деца до училиштата и парковите, солидна и функционална пешачка инфраструктура (без велосипеди и паркирани автомобили на тротоарите), намалување на ризиците од сообраќај.

Имањето на игралишта соодветни и добро одржувани за заштита на безбедноста за децата не се доволни да се посочи дали еден град е по мерка на децата.

Мерливата проверка овие две институции ја прават врз основа на следните прашања : Дали децата се прашуваат при креирање на политики? Колку детски игралишта има и во каква состојба се? Дали може дете само безбедно да стигне до училиште? Дали просторите за играње се достапни за сите деца ?(притоа се мисли на инклузивноста) и колку зелени површини има во градот за слободен пристап ( а притоа да се искосени, заштитени, за престојот во природа да биде виситински),

или,

Досегашните резултати на веб анкетата на ТЕРА покажуваат поделеност затоа што битолчани очигледно знаат дека за одговор на ова прашање треба да се направи анализа на целиот систем на градот – инфраструктура, услуги, безбедност и одлучување, прашањето подразбира одговор дали градот е организиран околу потребите на децата.