ТЕРА

REKLAMA???

Возовите прекинати заради градежни активности

Патничките возови на релацијата Битола-Скопје и Скопје-Битола нема да сообраќаат во периодот од денеска 22 јуни до 1 јули поради реконструкциски работи на железничката инфраструктура на делницата од Скопје до Зелениково. Прекинот е дел од пошироките активности за модернизација на пругата и проектот за Градски воз – систем на приградска и градска железница во Скопје со кој се замени вечната мечта на Скопјани за сопствено метро. Проектот Грдаски воз го користи постојниот железнички систем, пругите ќе бидат реконструирани и електрифицирани. Досега се планирани три линии кои ќе ги поврзат пруиградските населби со центарот на Скопје.

Помошник директорката за пруги на ЈП Македонски Железници денеска за ТЕРА рече:

„Во наредните десет дена, почнувајќи од денес па се до 1 јули , бидејќи ќе се извршуваат завршни градежни работи на прва фаза од проектот Градски воз на релација од Зелениково до Скопје, правиме прекин на патничкиот сообраќај.

Зошто го правиме ова? Бидејќи временскиот период во кој пругата е слободна за сообраќај е значително ограничен и не постои доволно време за редовно извршување на дневните прегледи и подготовка на патничките гарнитури помеѓу поединечните возења.

Затоа во координација со АД „Транспорт3 ( на ЈП Македонски Железници) , а пред се во интерес на безбедностга на железничкиот сообраќај донесовме одлука за привремен прекина патничкиот сообраќај.

Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање. Знаеме дека железничкиот сообраќај секојдневно го користат голем број на патници, но, овој прекин е неопходен за безбедно и квалитетно завршување на работите“ -вели м-р Ивана Бикова, помошник директор за пруги во ЈП Македонски Железници за ТЕРА.

На крај уверува дека се вложуваат напори со цел железничкиот патнички сообраќај да биде со нормален тек  што е можно поскоро.