ТЕРА

REKLAMA???

Каде е програмата !?

Битола е град на конзулите, кафето на Широк Сокак  и културата, разбрана како уметност. Веќе 18 години идејата за битолско културно лето се реализира низ концептот на собрани проекти и финансии, самостојно финансирање од Општина и проекти и настани за сечиј вкус. Од Битолчани денеска побаравме совет, препорака за некој од настаните во програмата. Ееве ја анкетата.

Битола повторно ова лето треба да живее во ритамот на културата. Барем според најавите. Но според граѓаните, културниот ритам сеуште не стигнал до нив. И додека организаторот најави богата фестивалска програма, само квалитет, граѓаните со очи немаат видено Програма.

За тие кои денеска не беа сигурни, годинешниот БитФест започна. Затоа е важно да се има програма. Понавачите велат тоа е најмалата ставка во трошоците. Но, засега, ја нема.

БитФест годинава нуди нова авантура. Како вистински ловци на богатство откријте ги настаните, испланирајте го времето со своите блиски, откријте и за кои настани ви треба купена влезница , за кои  од настаните ќе си кажете: Тцу!  – барем убаво ни беше…