Во Битола пристигна ново шопинг искуство – со светски стандарди, поголем избор и препознатлив квалитет. Добредојде, SPAR!

Купувачите ги очекуваат свежи производи, богата понуда, атрактивни акции и промоции, но и сè она што едно големо отворање го прави посебно – дегустации, изненадувања и празнична атмосфера.

Од SPAR велат дека новиот концепт е создаден да ги спои глобалното искуство и локалните потреби, нудејќи модерна продавница која одговара на секојдневните навики и очекувања на потрошувачите.
Зад името SPAR стои бренд со речиси еден век традиција. Основан во 1932 година во Холандија, денес SPAR е присутен во околу 48 земји низ светот со повеќе од 13.900 продавници.
Со своето ширење во Македонија, SPAR продолжува да носи меѓународни стандарди, квалитетна услуга и широк асортиман поблиску до македонските потрошувачи.

Битола е една од најновите локации на оваа приказна, а интересот на граѓаните уште од првиот ден покажува дека отворањето на SPAR е значаен момент за градот.
Првата проверка веќе започна – со полни колички, љубопитни погледи и посетители кои дојдоа да откријат што нуди новиот SPAR во Битола.
SPAR – светски квалитет, сега и во Битола.












