Најголемиот рокенрол концерт оваа сезона во Македонија ќе се случи на 2-ри јули во АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ – Скопје со сигурно најпопуларниот бенд на светот на сите времиња – кој истовремено е и супер модерен и денес!
Покрај името и кариерата на Duran Duran стојат многу епитети: безброј хитови, албуми, стадионски концерти и многу повеќе.
Нивната најголема вредност е фактот што и ден – денес, сè што прават звучи и изгледа револуционерно, како да е баш од денес.
Со глобални класици како “Hungry Like the Wolf”, “Rio”, “Come Undone” “Girls on Film”, “Ordinary World”, “Notorious”… до нивното најново издание “Danse Macabre”, со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук ширум светот и кариера што се протега повеќе од четири децении, Duran Duran остануваат еден од највлијателните и најтрајните состави во современата музика.
Примени во Rock & Roll Hall of Fame во 2022 година, бендот е добитник на бројни меѓународни награди и продолжува да настапува на најголемите фестивали ширум светот.













