ТЕРА

REKLAMA???

Битола-град без туристички автобус

Кусо пребарување на интернет, особбено ако пребарувањето го правите од некаде во странство ќе ве доведе до заклучокот дека не само што гражаните се жалат на јавниот превоз туку и Битола е град без туристички автобус.
Недма редовни градски автобуски линии кои во текот на целата година директно ги поврзуваат ситге главни туристички дестинации – Хераклеја, Дихово, Ниже Поле, Трново…
До античкиот локалитет Хераклеја Линкестис нема посебна туристичка автобуска линија. Локацијата е релативно блиску до градот и, најчесто посетителите треба да одат пеш од центарот што е оддалечен околу 30-40 минути, со такси или сопствен превоз. Иако е една од најзначајните туристички точки во БИтола, во официјалните информации за градскиот превоз не се појавува посебна линија, на пример „до Хераклеја“. Апликацијата BitBus-Bitola City Bus ги прикажува градските линии и стганици според возниот ред објавен од Општина Битола.


Дихово, Трново, Ниже Поле. Овие места се дел од подножјето на ПЕлистер и се значајни за планинскиот, рекреативен и селски туризам, Во редовниот градски превоз нема туристичка линија со која секојдневно и во текот на целата година би биле поврзани. На пример Битола – Дихово, Битола-Трново, Битола-Ниже Поле. Дека е потребно говори и примерот
За Ниже Поле за посебно организиран сезонски превоз, но не како редовна градска линија. Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ организирале бесплатен превоз до ски-центрите во зимскиот период.
Ваквите примери го отвораат прашањето за туристичката понуда на Битола. Градот велиме има туристички атракции. Но, нема едноставен начин посетителите без автомобил да стигнат до нив. Младите и туристите зaвисат од такси или приватен превоз. ПЛанинара Баба, врвот Пелистер се блиску но, јавниот превоз не ја следи туристичката динамика.
Особено во овој летен период кога има поголем број посетители, и на Хераклеја, Дихово…
Оттука и прашањето дали Битола треба да има летна туристичка автобуска линија за овие и други места , или викенд линии на пример кон Пелистер или кружна – Битола-ХЕраклеја-пелистерски села.
Што Вие мислите?

насловна фотографија – ВИ генерирана