ТЕРА

REKLAMA???

Повторно граната од војнигте пронајдена во битолско село

Земјоделец пријавил неескплодирирана граната во селото Кукуречани. Во СВР Битола пристигнала нова пројава за пронајдено убојно средстфво. Според официјалните информации од полицијата, при редовни земјоделски работи жителот на селото Кукуречани ја пронашол гранатата и веднаш пријавил в полиција. Оттаму пријавата била проследена до Дирекцијата за заштита и спасување, чии пиротехничари се на терен за безбедно подигање и транспорт на експлозивната направа.

Гранати и неексплодирани бомби од Првата светска војна заедно со делови од огнено оружје се чести настани во кои граѓаните ги алармираат од полицијата и дирекцијата затоа што претствуваат опасност по нивниот живот.  Ова е последно во низата којашто во последната  недела во регионот беа пронајдени и четири искуличтено опасни хемиски гранати со отровен гас, во селата Крклино и Кременица. Вакви гранати беа пронајдени и во Преспа.

Апелот од надлежните е стандарден но многу важен: доколку при работа на нива или покрај неасфалтиран пат при обична прошетка, или како во градот при градежни работи пронајдете или забележите предмет кој наликува на граната или има специфичен метален изглед:

– Веднаш запрете со дејствието !

– Оддалечете се од местото

– Пријавете , на 192 или 112 (бесплатен број за итни случаи)

– Најважно од препораките е да не го гибате ваквиот предмет. Старите гранати се со активирани запалки  и, секој механички удар од трактор, плуг или мотика, може да биде фатален.