ТЕРА

REKLAMA???

Српската заедница го одбележа Видовден

Видовдан во Битола – празник на традицијата, сеќавањето и културното наследство на српската заедница

Српската заедница во Битола го одбележа Видовдан ,  еден од најзначајните празници во српската православна и културна традиција. Со пригодна програма, молитва и дружење, припадниците на заедницата ја одбележаа симболиката на овој ден, кој со векови претставува празник на сеќавањето, духовноста и почитувањето на предците.

 

Видовдан се одбележува на 28 јуни според Грегоријанскиот календар, односно 15 јуни според Јулијанскиот календар, а е поврзан со празникот на Светиот великомаченик Кнез Лазар и споменот на Косовска битка.

За српската заедница во Битола, Видовдан е можност за зачувување на традицијата, јазикот, културата и духовните вредности, но и повод за средба и заедништво.

На одбележувањето беа упатени пораки дека културното и верското наследство на различните заедници се дел од богатството на Битола ,  град познат по својата мултикултурна историја и традиција.

„Видовдан не е само спомен на минатото, туку и потсетник за вредностите кои треба да ги негуваме , верата, почитта, солидарноста и грижата едни за други“, порачаа учесниците на настанот.

Од српската заедница посочија дека ваквите одбележувања имаат цел да ја зачуваат традицијата за идните генерации и да ја продолжат културната поврзаност меѓу членовите на заедницата.

Битола со векови е простор каде се среќаваат различни култури, религии и народи. Одбележувањето на празниците на заедниците кои живеат во градот е дел од таа традиција на почитување на различностите и културниот мозаик на градот.