ТЕРА

REKLAMA???

Хуманоста на дело – нов дом за тетка Елица чија куќа изгоре на Нова Година

По шест месеци неизвесност и борба, тетка Елица Стојановска  од Барешани повторно има свој покрив над главата. од куќата која за само неколку часа ја проголта огнот, до новиот дом изграден со човечка солидарност. Ова е приказна за хуманоста која спои многу луѓе со една цел.

На 29 декември 2025 година, мирното утро во битолското село Барешани беше прекинато од пожар. Пламените јазици ја зафатија куќата на 63-годишната Елица Стојановска. Пожарот избувнал нешто по 8 часот, а на терен веднаш излегле екипите на Територијалната противпожарна единица со три возила.

Првичните информации упатуваа дека најверојатна причина за пожарот бил запален оџак, од каде огнот се проширил и ја уништил покуќнината и домот во кој живеела.

За Елица тоа значеше дека Новата година ќе ја дочека без свој дом.

Но, нејзината приказна не заврши со пожарот.

По апелите за помош, започна голема хуманитарна акција. Фирми, поединци, здруженија и хумани граѓани се обединија за една цел, тетка Елица повторно да добие дом.

Со заеднички напор, донации и несебична помош, на местото на стариот дом денеска стои нова куќа. Место каде Елица ќе може повторно да го продолжи својот живот во сигурност и достоинство.

Со благодарност до сите кои помогнаа, Тетка Елица денеска ја отвори вратата од својот нов дом , како симбол дека во тешките моменти човечноста сè уште постои.

Од една трагедија, преку  приказна за солидарност, до нов дом за Елица.  Барешани покажа дека кога луѓето се обединети, и најголемите загуби можат да добијат нова надеж.