ТЕРА

REKLAMA???

Битолска нова атракција: тротоар за одржување рамнотежа

Нова спортска дисциплина треба да научат пешаците кои ќе ја минуваат улицата СРУ 5 , поранешна Беласица којашто по проект од пред 15тина години ја изгради актуелната локална самоуправа.

Со завршување на интересот на јавноста за оригиналното решение за велосипедски патеки и пешачки тротоар, замреа и работите на оваа улица. Денешната слика повторно го става трансформаторот во фокусот на вниманието – „не мојш да не го видиш“.

Македонската јавност и комплетната дијаспора, не само битолската јавност се забавуваше на сметка на трансформаторот и фактот дека наместо да се дислоцира, Тој(трансформаторот) или да се помести кривината на  улицата, надлежните ја исшараа улицата со бели линии за велосипедисти и „насадија“ шума од портокалови столпчиња. Еколозите да не се грижат – дрвото е зачувано. Ова несреќно дрво сега треба само да го манифестира својот бунтовен карактер – да ги испружи корењата над се или да сочека улицата да се пушти во употреба, па да падне врз велосипедист  или пешак.

Врвот на проектирањето секако е кружниот тротоар – плочник. Кружи околу трансформаторот и најавува вежбање на дисциплина „одржување рамнотежа“.  Издигнат над нивото на паркингот, од едната страна, со трансформаторот од другата, пешаците мора да ја најдат најбезбедната патека, без да се затетерават, оти постои опасност или од струен удар или од пад од висина.

Улицата е далеку од завршена. Отспротива на трансформаторот има тротоар што „води до бескрајот“ или само до густата тревната површина којашто од моментите кога се сликаа багерите досега , стана живеалиште и легло на многу влекачи.

Иако очигледно недовршена, сообраќај низ неа има, затоа што таа не е од ниту една страна затворена. Ниту пак има знак што предупредува дека низ неа се вози на сопствен ризик, или дека не е технички и градежно одобрена.

Оттука денеска испративме прашања до Општина Битола :

1.Кога е направен техничкиот прием на улицата со оглед на фактот што низ неа има активен сообраќај ?

  1. Кои се забелешките од градежниот инспектор од асфалтирањето на оваа улица , досега?
  2. Кога ќе продолжат работите на улицата сру – 5, со оглед да во моментов нема никакви градежни ниту пак хортикултурни активности во непосредната околина на улицата.