ТЕРА

REKLAMA???

Битолчанец најде 12.000 денари на Широк Сокак, го бара сопственикот кој ги загубил

Дека хуманоста и чесноста се уште се присутни, докажува и најновиот гест на наш сограѓанин кој живее и работи во странство, а деновиве престојува во својата родна Битола.

Едис Али, преку социјалните мрежи, упати јавен апел за пронаоѓање на сограѓанин кој изгубил парична сума на најфреквентната битолска улица. За да биде сигурен дека парите ќе завршат во вистинските раце, тој открива еден клучен детал – со парите имало и ливче со напишани продукти за купување. Вистинскиот сопственик ќе мора да каже што точно пишува на ливчето со парите.

„Најдени се кеш пари, 12.000 денари на Широк Сокак. Меѓу парите има ливче напишано шо треба да купи. Се надевам ќе се најди тој шо ги изгуби, и ќе кажи што требаше да купи за да му ги вратиме. Сигурно му се многу потребни“, стои во објавата на Али.

Тој има и план за донација доколку сопственикот не се појави. Свесен за економската состојба и за тоа дека за некој оваа сума значи многу, тој веќе има план доколку вистинскиот сопственик не биде лоциран.

Доколку никој не се јави, парите ќе бидат донирани на социјално загрозено семејство на кое му се навистина потребни.

Али апелира до сите битолчани да ја споделат оваа информација со цел пораката да стигне до оној кој ги изгубил парите.

Оваа постапка наиде на лавина позитивни коментари на социјалните мрежи, каде граѓаните го поздравуваат неговиот чесен потег и порачуваат дека ваквите примери ја враќаат вербата во луѓето.