ТЕРА

REKLAMA???

ЕДЕН ВЕК ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА РУСКАТА ЦРКВА ВО БИТОЛА

Во 2026 година, храмот „Света Троица“, меѓу битолчани познат како Руската црква, одбележува значаен јубилеј – 100 години од неговото осветување. Овој мал храм, не е само православно светилиште, туку и жив сведок на една драматична историска епоха.
Неговата приказна започнува по Октомвриската револуција во Русија, кога стотици руски емигранти, офицери, професори, интелектуалци и свештеници, барајќи засолниште од граѓанската војна, пристигнале и во Битола. Иако далеку од татковината, тие најнапред изградиле дрвен храм – место каде што ќе ја зачуваат својата вера, традиција и духовен живот. Токму тој храм бил осветен во 1926 година, а денешната црква ја задржала неговата препознатлива форма.
Посебно место во историјата на храмот има Свети Јован Шангајски-Сан франциски и Битолски , еден од најпочитуваните православни светители на XX век.
Пред да стане архиепископ во Шангај, а подоцна и во Сан Франциско, Свети Јован неколку години престојувал во Битола. Бил професор во тогашната Богословија „Свети Јован Богослов“, а богослужел во храмот „Света Троица“. Освен тука, според зачуваните црковни сведоштва, служел и во храмовите „Свети Димитриј“ и „Пресвета Богородица“, како и во манастирите Буково и Беранци.
Верниците го паметат како исклучително скромен духовник, човек на молитвата и милосрдието. Денес тој е канонизиран светител на Православната црква, а неговото име го почитуваат верници ширум светот.
Во Руската црква во Битола се чуваат повеќе вредни предмети поврзани со неговото служење, меѓу кои и богослужбена одежда што ја носел за време на службите, стариот дрвен олтар изработен според руската црковна традиција, како и богата збирка богослужбени книги и икони.Исто така има и честица од неговите свети мошти која се наоѓа во иконата на која што вчера и денес се поклонуваа голем број на верници.