ТЕРА

REKLAMA???

Американски параглајдерист тешко повреден по пад кај индустриската зона Жабени

Педесет и деветгодишен државјанин на Соединетите Американски Држави е тешко повреден по несреќа со параглајдер што се случила вчера попладне во близина на Битола.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, случајот бил пријавен на 5 јули 2026 година во 15:52 часот. Несреќата се случила во атарот на битолското село Породин, во непосредна близина на индустриската зона „Жабени“, кога американскиот државјанин со иницијали Ф.Б. (59) изгубил контрола при слетувањето со параглајдерот.

По пријавата, на местото на настанот веднаш интервенирала екипа на Итната медицинска помош од Битола. Повредениот маж со медицинско возило бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде дежурните лекари му констатирале тешки телесни повреди.

„На 05.07.2026 година во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Породин, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди“, соопштуваат од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола, која работи на утврдување на точните причини кои довеле до падот на параглајдеристот.