ТЕРА

REKLAMA???

СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА DURAN DURAN ВО СКОПЈЕ

Британскиот бенд Duran Duran одржа концерт во Спортскиот центар Борис Трајковски како дел од нивната актуелна европска летна турнеа.Настанот беше оценет како еден од поголемите музички настани во Македонија, привлекувајќи публика од различни генерации и од повеќе соседни држави.

Миа Милошеска од Авалон продукција вели дека ова е еден од најголемите концерти во последните години бидејќи бендот патува со комплетна своја продукција. Логистичкиот дел од турнејата вклучува девет шлепери со опрема, шест автобуси и приватен авион за потребите на тимот. Нагласено е дека целата сценографија и техника видена на концертот е исклучиво нивна, што ја потврдува сериозноста и големината на нивната светска турнеја.

Авалон најави богата програма за ова лето. По настаните во Скопје, концертната активност се сели во Битола каде ден за ден ќе настапат регионалната ѕвезда Здравко Чолиќ и светски познатиот диџеј Стив Аоки.

Концертот на Duran Duran послужи како најава за интензивното културно лето што претстои во Скопје и низ државата.