ТЕРА

REKLAMA???

РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС ЗА НОВИОТ, ЦРНОГОРСКИ ПРОЕКТ НА РЕГИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛСКИ ГИГАНТ EXIT

Во фокусот на регионалната фестивалска сцена е EXIT to
Montenegro – новиот настан на црногорското крајбрежје кој се одржува во
две фестивалски поглавја од 3 до 6 јули и од 28 до 31 август. Со овој проект во
организација на EXIT – најголемиот фестивалски бренд од Балканот – Улцињ,
Велика плажа, Будва и Бечиќи ова лето ќе бидат една од највозбудливите точки на
европската фестивалска сцена. Откако веќе беа потврдени настапите на дел од
најголемите имиња на светската електронска сцена, како што се Peggy Gou,
Charlotte de Witte, Hugela, Johna Newmana, Maceo Plexa, EXIT to Montenegro пред
самиот старт објави и нови засилувања! Премиерата во Црна Гора ќе ја изведат три
гиганти кои ги поставуваат стандардите на современата електронска музика:
Argy, најзвучниот претставник на новата глобална електронска генерација, потоа
едно од највлијателните имиња на глобалната хаус и тек-хаус сцена, Jamie Jones, а
приказната ја заокружува германскиот техно визионер Stephan Bodzin со својот
уникатен настап во живо.
Со овие имиња беше комплетирана импресивната постава за епицентарот на
европскиот фестивалски туризам ова лето. EXIT to Montenegro уште пред еден
месец веќе доби повеќе од 40.000 апликации за посетители од повеќе од 100
земји, што го потврдува огромниот глобален интерес за новото фестивалско
поглавје на црногорското крајбрежје

Вториот дел од настанот се сели во Будва, на плажата Бечиќи, кон крајот на август.
Загревањето за фестивалот е планирано од 24 до 27 август, додека главната
програма ќе трае од 28 до 31 август. На крајот од летната сезона, плажата во Бечиќи ќе
биде домаќин на програма на ниво на најголемите светски фестивали, а таа ја предводат
Peggy Gou, Charlotte de Witte, Hugel, John Newman, Enrico Sangiuliano, RPR Soundsystem
и бројни други.
За незаборавно искуство под отвореното небо на црногорскиот брег ќе се погрижи и
неопходната локална музичка поддршка составена од повеќе од 50 одлични изведувачи,
предводени од вундеркиндот нна електронската сцена – Lanna, заедно со ветераните и
мајстори на својот занает како што се Laris, Millok, Proximus, Audiostorm, Rayo, Branko
Vuković, Raven TK, Lekka, Rudhaman и многу други.
Целта на проектот EXIT to Montenegro е продолжување на главната туристичка сезона,
како и развој на музичкиот туризам, кој претставува најбрзо растечка гранка во
туристичката индустрија и глобално генерира над 100 милијарди евра. Се проценува дека
проектот EXIT to Montenegro ќе му донесе на црногорскиот туризам најмалку 210.000
ноќевања и над 40 милиони евра приходи ова лето.
Повеќе од 40.000 апликации од повеќе од 100 земји сведочат за исклучителниот глобален
интерес за EXIT to Montenegro, новото фестивалско поглавје кое пристигнува на
црногорскиот брег ова лето. За потсетување, двата фестивали се бесплатни за
посетителите, со задолжителна регистрација преку линк.