ТЕРА

REKLAMA???

„ПРЕКУ ЕЗЕРОТО” ГИ НАДМИНУВА ГРАНИЦИТЕ И ГИ ПОВРЗУВА ЛУЃЕТО

Филмот, уметноста на филмот, актерот и уметноста на актерството на филмот, е онаа состојка која подвижните слики од информација ги трансформирала во приказна со која се идентификуваат сите луѓе на овој свет, без разлика на кој јазик зборуваат, од каде доаѓаат, колку се образовани или на која култура припаѓаат, само затоа што лицето на актерот зборува на единствениот и според се, за сите и насекаде разбирлив јазик на човечкото присуство и неговите емоции. Затоа, Советот на фестивалот „Преку езерото” доделува единствена награда за високо актерско остварување- „Мето Јовановски” која  му беше врачена на актерот Тони Наумовски.Многубројната публика во Амфитеатарот во Дојран со силен аплауз го поздрави лауреатот, а Наумовски рече дека се чувствува благословено и среќно што може да служи на она што го сака, односно на уметноста.

Филмот е универзален јазик кој ги надминува границите и ги поврзува луѓето преку приказни, емоции и различни перспективи. Токму во тоа е вредноста на фестивалот „Преку езерото” – да создава средба меѓу различни култури, автори и кинематографии и да потсетува дека уметноста има моќ да нè приближува, истакна Ѓоргоска Илиевска и упати благодарност до целиот организациски тим, институциите, партнерите, поддржувачите и сите кои со својата работа и посветеност придонесуваат фестивалот од година во година да се развива и да ја потврдува својата вредност.