Повеќе куќи, дворови и помошни простории на неколку локации низ градот се поплавени по синоќешното невреме што ја зафати Битола, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола. Подрачјето на општина Битола беше зафатено од пороен дожд во траење од околу еден час, од 20.40 до 21.40 часот, а преку бројот за итни повици 112, стигнале повеќе пријави за штети.
„На ул. ’Прилепска’ бр.55, ’Ѓорче Петров’ бр.39, ’Партизанска’ бр.1, ’Крсте Нале’ бр.126, ’Коста Абрашевиќ’ бр.46, ’Даме Груев’ кај зградата на АЕК, ’Црвена вода’ бр.4, ’Чеде Филиповски – Даме’ и ’Мирче Ацев’ бр.53А. Сите повици се добиени преку Е-112 и известени се надлежните служби од ЕЛС Битола“, информираат од ЦУК.
Поплавени беа повеќе улици, како и главните сообраќајници во центарот на градот, сообраќајот беше отежнат.
Поплавени домови на повеќе локации во Битола












