ТЕРА

REKLAMA???

Битолскиот театар вечер со светска премиера на „Кориолан“ на „ShakespeareFringe Festival“ во Верона

Вечер во рамките на „Shakespeare Fringe Festival“ во Верона, на сцената натеатарот Trinità in Monte Oliveto, со почеток од 21 часот, екипата наБитолскиот театар ќе ја има светската премиера на претставата „Кориолан“ ворежија на Џон Блондел.

Фестивалот се отвори синоќа со претставата Tempest Toss’D“, копродукција наТеатар Ла Рибалда (Италија) и Театар 63 (Обединето Кралство). После изведбата на битолската претстава следуваат: PERIKLES F’NOFS BAĦAR“ –WhatsTheirNamesTheatre – Малта, ерменскиот национален академски театар „Г.Сундукјан“ со премиера на „Ромео и Јулија“, музичко-сценскиот перформанс„Шекспир во песна“ на Даниел Запи, „Сон на летната ноќ“ на унгарскиотKulcsár Noémi Tellabor. Претставите се со англиски и италијански титлови.

Светските медиуми со големо внимание го следат ова гостување на Народниот театар од Битола.