ТЕРА

REKLAMA???

Струјата ја затвори Охридска, никој не прочита

Деновиве пристигнаа и реакции од жителите на улицата Охридска во Битола. Затворената улица предизвикува нервози и проблеми и поради топлото време. И на оваа улица работат екипи на ЕВН.

Градежни машини, раскопана улица и известување залепено на бетонските столбови.

На улицата „Охридска“ во Битола деновиве се реконструира нисконапонската електрична мрежа, а инвеститорот однапред ги известил жителите дека во периодот од 21 до 24 јули се можни планирани прекини на електричната енергија, секој ден од 9 до 15 часот.

Известувањето е поставено на видно место, веднаш покрај делницата каде што се изведуваат работите. Во него е наведено и барање граѓаните да ги отстранат паркираните возила за да може непречено да се одвива реконструкцијата.

Но, и покрај тоа, дел од жителите реагираат дека останале без струја и велат дека не биле навреме информирани.

Токму ваквите ситуации го отвораат прашањето колку внимателно се следат информациите што ги оставаат институциите и компаниите на терен. Дали е доволно известувањето да биде поставено на столб или ограда, или денес граѓаните очекуваат информацијата да ја добијат преку медиумите?

Од друга страна, поставувањето на вакви известувања останува законски и вообичаен начин за информирање на жителите за планирани активности и прекини. Во конкретниот случај, известувањето било поставено само на оваа улица, каде што се изведуваат работите, бидејќи таму се засегнати корисниците на електричната мрежа.

Додека механизацијата ја продолжува реконструкцијата, останува дилемата – дали проблемот е во начинот на информирање или во тоа што сè помалку граѓани ги забележуваат и читаат соопштенијата поставени пред нивните домови?