ТЕРА

REKLAMA???

Во Радобор не држи струјата

Жителите на село Радобор во исклучително топлите денови ова лето велат се оставени без струја. И, според денешната реакција на еден од нив, Димче Марковски, ова се повторува повеке од еден месец, од средината на јуни. Слични , но малку помалку долго биле прекините и во селото Чарлија.

Г-н Марковски во својата изјава за ТЕРА раскажува дека работниците започнале со работа кон средината на месец јуни. Дека оттогаш до денеска нормално напојување има во раните утрински часови и кон крајот на денот, а во текот на денот има чести долготрајни прекини. Дека се обратиле до ЕВН неколку пати и дека дури и понудиле соработка, да им помогнат на работниците кои скоро па секојдневно се присутни во селото.

 

И на листата за планирани прекини на Електродистрибуција стои информацијата дека во селата Радобор и Чарлија има непланирани прекини. ТЕРА се обрати денеска до ЕВН. Во нивниот одговор стои „Селата Радобор и Чарлија се напојуваат од 10 kV далекувод Радобор, кој се напојува од ТС 35/10 kV Кукуречани. Во изминатиот период се регистрирани повеќе краткотрајни испади на далекуводот. Станува збор за прекини по кои снабдувањето со електрична енергија беше за кратко време повторно воспоставувано. “ И, продолжува нивниот одговор , „ По регистрираните прекини, Електродистрибуција спроведе детална визуелна инспекција на далекуводот, при што не беа констатирани видливи оштетувања кои би биле причина за истите. Со цел да се надмине ситуацијата, се направија повеќе промени на вклопната состојба за да се локализира евентуалната делница на која се појавува дефектот.“


За активностите што се спроведуваат на терен навремено се информирани претставниците на месните заедници на селата Радобор и Чарлија, како и сопствениците на стопанските објекти во тој реон.