Жителите на улица Романија во Битола живеат заглавени во 1962 година.
Ова не е прилог за популарна култура. Ова е прилог за улицата Романија. Лоцирана е на границата на османлиското Мухаџир или по нашки Маџирмаале во Битола, или денеска меѓу улицата Васко Карангелевски од нејзината западна страна и Хасан Баба џамијата од нејзината источна страна. Името се верува го добила слично на другите поблиску до реката Драгор-кадешто се населуваале муслимански семејства бегалци од Босна, Србија, Романија.

Тогашниот земјен пат, бил изграден во времето урбаното проширување на градот, во 60те и 70те години на минатиот век.
До денес, улицата е таква.

Со азбестни водоводни цевки, велат жителите и тесни канализациони цевки, во 1962 година, кога била реновирана и асфалтирана, сигурно била една од вистинските примери на југословенското патоградење, соодветна на бројот на жители.

Но, денес е само добара како историски експонат, не и улица со инфраструктура којашто ги задоволува потребите на сите домаќинства кои се помногубројни од населените бегалци од крајот на 19 век. Сега улица Романија околу себе има и станбени комплекси.

Најголемиот проблем со кој се соочуваат жиелите е фактот дека секој пообилен интензивен дожд ги полни нивните приземни простории и визби. За ова реагирале в Општина. Во неколку наврати низ улицата поминале и комисија за проценка на градежниот дел и за проценка на штета. Податоците за состојбата на водоводните и канализациските цевки ги добиле од независен проценител.

Општината од 2024 година во своите буџетски планови предвидува работа на улица Романија, но во контекст на зиградба на паркинг место на една од помошните улички. Паркингот што треба да се изработи е зад местото познато како Декорпод.
На коловозот , видливо оштетен се забележува дека тогаш сепак бил ставен асфалт на подлога од старата турска калдрма. Во тие места и водата од дождовите долго се задржува.
Во меѓувреме се изградиле и неколку станбени згради, а првичните куќи биле надградени и проширени. Се изградиле и 6-7 сообраќајни приклучоци , сокачиња, кои имаат пристап до други домаќинства.

Во последните две години сите кои имале т.н времени објекти ги подигнале, според наредбата од Општина Битола. Во 2024 година се зборувало за планиран паркинг и зад колективната станена зграда, и за реконструкција на улицата и за нејзино асфалтирање.
Официјалните опшински докуименти за намена на парите од вториот владин повик за проекти и унгарскиот кредит ја вбројуваат оваа улица со околните во улици кои треба да се реконструираат. Предвидени се 8 милиони 758 илјади денари

Според проценките од интернет, кои не нужно се точни, а се базирани на мапите што ги има од различни извори, се работи за улица долга меѓу 455 и 500 метри, со просечна ширина на коловоз од 6 метри и површина на коловоз од околу 2.730 метри квадратни. Според актуелните цени за асфалтирање и изградба на локални улици во Македонија ( Даибау) комплетната инфраструктурна реконструкција на улица Романија со асфалтирање, Општина Битола треба да потроши 40тина милиони денари.

Оттука, велат граѓаните кои реагираа до ТЕРА, по битката за уила Козара ќе следува битката за Романија. Засега велат, тешко дека геометри, тешка механизација, работници, ќе ги „нападнат“ оваа година.











