ТЕРА

REKLAMA???

Прекршена канделабра и импровизирани кабли опасност кај дрвеното мостче

„Висок товарен камион помина по уличката, закачи еден од каблите и којзнае како ја зафати крошната на канделабрата и ја прекрши“. Ова е реакцијата на граѓанин кој уште синоќа ги испратил сликите во редакцијата на ТЕРА.

Денешните снимки на репортерската камера покажуваат загрижувачка сосојба – импровизирано изведени инсталации, кабли кои извираат од електрично сандуче , преминуваат преку дрвјата и нивнита гранки и главно ниско се поставени покрај самиот коловоз. Едни жици одат се до зградата кадето се сместени подрачните министерства, други – до безистенот. Но најопасни се сметаат тие коишто се префрлаат преку коритото на реката, обезбедуваат телефонија или струја во дуќаните наспроти и се враќаат назад.

Оттука, силната механичка сила којашто ја повлече и скоро ја откорна уличната канделабра не е за чудење.

Столбот сега е искривен, прекршен, надвиснат над пешачкиот премин кај дрвеното мовче и што е најинтересно и синоќа, а нема причина да не се помисли дека и денеска е под напон и функционален. Вечерва веројатно сеуште ќе свети, доколку во меѓувреме, по оваа вест, некој од надлежните органи во градот не реагира.

Граѓаните повторно бараат комуналната инспекција да си ја врши својата работа. Ја започнуваа и дилемата дали половина град треба да биде комунален редар?

Но, познавачите тврдат дека има и неколку други проблеми.

Улицата покрај Драгорот којашто служи и како сервисна за дуќаните, и како пешачка зона за граѓаните и како паркинг и фреквентна сообраќајница. Улицата неодамна стана соодветна и безбедна за пешаците преку посебниот коридор. Но нема сообраќајни знаци кои би посочиле дека е ограничена максималната висина на возилата. Без правило за  габаритноста на возилата,  широки и течки камиони произведуваат сила за да откорнат се од несредената или импровизирана инсталација.

Потоа, самото развлекување на кабли од објект до објект преку река е спротивно на сите норми и правила за урбана инфраструктура. И безбедност на граѓаните. Затоа што каблите се постојана закана кога не се по стандардите за минимум 4,5 метри висина кои висат над зидот од речното корито. Дел од нив сега висат непосредно пред дрвеното мовче и граѓаните минуваат под нив.

А за степенот безбедност од превитканата и подзакршена канделабра говори фактот дека се работи за искривен метален столб под напон. Можни се физички повреди, но и струен удар.

Барањето на битолчани е итно и недвосмислено — итна интервенција за исклучување на напонот, отстранување на оштетениот столб и целосна ревизија на висечките кабли долж речното корито пред некој да го плати цехот за оваа комунална негрижа.