ТЕРА

REKLAMA???

НАМЕСТО ДЕНСКИ, ФК ПЕЛИСТЕР ЌЕ ИГРА НОЌНО

Дали реакциите во јавноста за сеуште жолтиот наместо зелен терен на битолскиот стадион по концертите ги принудија одлуките во Општина Битола како соспственик на стадионот да го турнат ФК Пелистер во ноќна игра или топлото време? Денеска контактиравме со  ФФМ, оттаму најавуваат поддршка, а Пелистер под рефлектори го отвара првенството

По масовните концерти на Здравко Чолиќ и Стив Аоки на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, тревниот терен претрпе сериозни оштетувања. Јавноста со денови реагира на објавените фотографии од оштетената и пожолтена трева, отворајќи го прашањето за одговорноста и условите за игра пред почетокот на новата сезона во Втората лига.

За ситуацијата да биде поконтроверзна, првиот домашен натпревар на Пелистер наместо во денски термин в сабота (15 август), експресно е преместен. Според официјалната најава од ФК Пелистер, дуелот против екипата на Камјани Камењане ќе се одигра в недела, на 16 август во 20:00 часот. И, се промовира како „историски прв натпревар под рефлектори“.

Иако Општина Битола и ЈП „Комуналец“ тврдат дека во соработка со организаторите биле преземени заштитни мерки, состојбата на теренот отвора низа дилеми, од небрежност, до прашањето кој сето ова ќе го плати?

Тера Телевизија испрати прашања до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа упатени директни прашања: Дали е извршен увид по концертите? Дали теренот ги исполнува условите? Кој ќе ги сноси трошоците за санација и кој е одговорен доколку стадионот не добие дозвола?

Од ФФМ дадоа прециозни одговори и појаснување како била донесена одлуката почетокот на првенството во Втора лига да биде турнато за 24 часа.

Од ФФМ дополнуваат дека крајната одлука дали теренот ги исполнува условите ја носи Натпреварувачката комисија.

Прашањата произлегуваат од коментарите во јавноста : Дали преместувањето во ноќен термин е вистинска спортска промоција или обид под рефлекторите да се скрие пожолтениот терен?