До 25 август 2026 година во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализира 18 -та ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“. На колонијата годинава ќе творат Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Марјан Стојаноски, Слободан Милошески, Озбек Ајваз, Славчо Павлески и Емил Солески, кои ќе работат монументални скулптури за во јавен простор. Колонијата е дел од годишната програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“ за 2026 година во визуелни дејности поддржана од Министерството за култура и туризам.
Колонијата годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор.
„ Со 18-тото издание на „Марко Цепенков – Дрен 2026“, продолжуваме да градиме мост меѓу уметниците, граѓаните и јавниот простор, создавајќи културна вредност која ќе остане и по завршувањето на манифестацијата. Прилеп создава, поддржува и остава трага. Уметноста е дел од нашиот простор, нашиот идентитет и нашето културно наследство – вели Марјан Стојаноски, координатор на колонијата.












