Вечерва во 20.00 часот во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапи ТРИО ДОЛЧЕ.
ТРИО ДОЛЧЕ е музички состав кој е формиран во 2016 година. Aктивно концертираат во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Валандово, Велес) и во странство ( Concerti del tempieto – Рим, Италија). Во изведувачкиот опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите стилски епохи. Овој музички состав, во периодот јануари/февруари 2021 год. ја освои Првата награда – LAUREATЕ, на Меѓународниот уметнички фестивал во Италија – Future Stars на фондацијата Sopravista International Festoval – Contest, во категоријата Инструментална музика. Во септември 2021 год. ја освои Втората награда, во категоријата Инструментална музика за камерни состави на Меѓународниот музички натпревар во Москва, Русија – International Moscow Music Online Competition / Second prize winners. Во декември 2021 година, ја освои Првата награда (Laureate) на on line натпреварот “Prometheus”, во категоријата Инструментална музика. TRIO DOLCE го сочинуваат: Светлана Богданоска Ристоски – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и Марија Шамоска Буџаковски – пијано.












