ТЕРА

REKLAMA???

Жителите од „Стрелиште“ реагираат, училиштето сеуште има азбестен покрив

Oтворено писмо упатуваат жителите на населбата Стрелиште до надлежните институции. Азбестен кров и дотраена фасада ги загрозуваат учениците, па родителите од населбата бараат итна реконструкција на ОУ „Тодор Ангелевски“.

 

 

Азбестни плочи на кровот, дотраена фасада и запуштен училишен двор. Ова е секојдневието со кое се соочуваат учениците во училиштето „Тодор Ангелевски“ во населбата Стрелиште. Револтираните родители и жители на оваа месна заедница упатија отворена реакција до јавноста и надлежните институции, алармирајќи дека објектот со години е препуштен на заборав и дека ги загрозува безбедноста и здравјето на децата.
Според реакцијата на граѓаните, состојбата во која се наоѓа училишниот објект е повеќе од загрижувачка, а условите за престој и следење на наставата се далеку од достоинствени.
Клучните барања на жителите и родителите од населбата Стрелиште се

– Итна замена на кровот: Отстранување на опасните азбестни плочи кои претставуваат потенцијален ризик по здравјето на учениците и наставниот кадар.
– Санација на фасадата: Комплетна реконструкција на старата и дотраена надворешна структура на објектот.
– Уредување на дворот: Соодветно просторно и хортикултурно средување на училишниот двор за безбеден престој на децата за време на одморите.
– Надлежните општински и просветни инспекции веднаш да ја утврдат реалната состојба и да изготват план за санација.

Во реаккцијата велат : „Не бараме ништо повеќе од тоа што секое дете го заслужува – безбедно и достоинствено место за учење. Целиот објект остава впечаток дека со години не е соодветно одржуван, а станува збор за простор каде секојдневно престојуваат нашите деца“, истакнуваат загрижените родители во нивното обраќање.

Жителите апелираат до локалната самоуправа и Министерството за образование и наука конечно да преземат конкретни чекори, наместо да ја игнорираат состојбата на терен. Доколку надлежните не реагираат соодветно, родителите најавуваат дека ќе ги искористат сите граѓански механизми и притисокот преку јавноста за да изборат подобри и посигурни услови за нивните деца.