ТЕРА

REKLAMA???

“ЛИНИЈА, ФОРМА И ПРОСТОР”

Изложбата од  уметникот Филип Перески , “ЛИНИЈА, ФОРМА И ПРОСТОР”  синоќа е отворена во ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп.
Поставката содржи  слики и скулптури преку кои, како што вели м-р Викторија Димеска, уметникот  ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со коишто инвентивно ги реконтекстуализира – линијата врз дводимензионалната површина на сликарското платно и формата во тродимензионалниот простор.
Филип Перески е академски уметник,  работи како наставник по ликовно образование во Прилеп и има реализирано повеќе самостојни и групни изложби и учествувано на колонии.