Претставата „Пинокио“ ќе биде изведена на 18 септември, со почеток во 12 часот, со што Битолскиот театар ќе ја започне фестивалската програма посветена на најмладата публика.
„Пинокио“ е според делото на италијанскиот писател Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски. Во главната улога настапува Никола Стефанов, а во претставата играат и Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска и Александар Димитровски и деца од Театарската школа „Бабец“. Музиката е на Марјан Неќак, сценографијата на Сергеј Светозарев, а костимите се на Андреј Ѓоргиевски.
Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ ќе се одржи од 18 до 25 септември во Прилеп. Фестивалот е посветен на детската театарска публика и има цел најмладите уште од рана возраст да се запознаат со сценската уметност и да развијат интерес и љубов кон театарот.
По гостувањето со „Едмонд“ на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, „Пинокио“ е следното најавено фестивалско гостување на Битолскиот театар, додека на 25 септември претставата „Кориолан“ е најавена за гостување во Саранда, Албанија, во рамките на „Волшебните ноќи во Бутринт“











