ТЕРА

REKLAMA???

ЈУБИЛEЈНИОТ 35 ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН СО „ШЕХЕРЕЗАДА“

Со балетот „Шехерезада“ на Националната опера и балет, на 2 октомври, петок, во Центарот за култура-Битола свечено ќе биде отворено јубилејното 35-то издание на Интерфест-Битола.

Публиката ќе има можност да ја проследи познатата балетска приказна инспирирана од „Илјада и една ноќ“, во изведба на балетскиот ансамбл и солистите Наташа Трендафиова-Гицев и балетскиот првенец од Унгарија, Балаж Лочеи.

Преку танцот и музиката, претставата ја оживува бајковната атмосфера на ориенталните приказни, но и темите на љубовта, страста, неверството и одмаздата.

Во центарот на балетот е безвременската музика на рускиот композитор Николај Римски-Корсаков, чие препознатливо виолинско соло уште на почетокот ја создава атмосферата и го воведува гледачот во драматичниот свет на „Шехерезада“.

Со оваа претстава започнува јубилејното издание на Интерфест-Битола, фестивал кој со децении го збогатува културниот живот на градот и на сцената носи уметници и продукции од земјата и странство.

Билетите за отворањето чинат 300 денари и веќе се во продажба на благајната на Центарот за култура-Битола, како и онлајн преку 3dkinobitola.com.

Свеченото отворање е закажано за 2 октомври, петок, во Центарот за култура-Битола.