ТЕРА

REKLAMA???

Нема маж што ќе стави жена директор во РЕК Битола ?!

Жените се мнозинство меѓу вработените во јавниот сектор во Македонија, но колку од нив се на позициите каде што се носат одлуките? Ревизијата на Државниот завод за ревизија покажува дека жените сочинуваат 57,5 проценти од вработените во јавниот сектор, но во Владата учествуваат со само 15 проценти. Битола сепак покажува поинаква слика.

Ревизијата на Државниот завод за ревизија покажува дека жените сочинуваат 57,5 проценти од вработените во јавниот сектор, но во актуелната Влада учествуваат со само 15 проценти. Колку од овој јаз постои и во Битола?

На прва кога ќе го преброите градот и директорките се забележува поинаква слика од националниот просек.

 

Во битолското образование жените не се само мнозинство меѓу вработените, тие се и мнозинство меѓу директорите.  Од 12 основни училишта во Битола, девет ги раководат жени, а три мажи. Тоа значи дека 75 проценти од директорските места во основното образование ги имаат жени. Во средното образование разликата била уште поизразена. Од пет средни училишта, четири имаат директорка, а едно директор.

Во битолското судство.двете судски инстанци ги предводат жени. Основниот суд Битола има претседателка и Апелациониот суд во Битола има претседателка. И основниот јавен обвинител во Битола е обвинителка-жена.

И во здравството, на чело на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ е жена. Така, во дел од клучните институции во Битола, жените не се само бројка, тие седат на директорските и претседателските места и одлучуваат.

Во Советот на Општина Битола, од 31 советник – 11 се жени и 20 мажи или 35,48%. Една од нив, Марина Крстич ја има и улогата на заменик градоначалник.

Тоа секако не значи дека во Битола е решено прашањето за еднаквото учество на жените во одлуувањето. Особено затоа што за дел од институциите нема јавно објавени актуелни податоци за структурата на вработените и раководните позиции според пол.

Во општинската администрација, на пример, последната детална статистика објавена во Стратегијата за родова еднаквост покажува дека од 144 вработени, 61 биле жени, односно 42,4 проценти. Ама оттогаш следуваше новата систематизација и нови вработувања.

Тоа што кај нас е интересно е што во јавните комунални претпријатија нема ниту една жена. Имаше до 2023 година во ЈП Комуналец, но и таа функција ја презеде маж.

Во институциите од културата,( Центар за култура, КИЦ, Музеј) има една жена , го предводи Завод и музеј.

Во десетте битолски банки и филијали, има две жени директорки.

И секако, општинските детски градинки се раководени од жени 100%. Во „Естреја Овадија“ и „Мајски цвет“ во последната декада има многу Лидии и една Весна директорки.

Извештајот на Државниот ревизор само малку го начнува прашањето зошто во некои jавни институции жените стигнуваат до врвот, а во други нивното назначување и учество во одлучувањето е непознато или помало. Едно од објаснувањата е дека Малку се тие кои прават родов пресек на вработените во организациите кои се делат по сектори и одделенија, имаат извршни,урпавнии  надзорни одбори.

Сепак , засега, досега, бројките покажуваат дека битолските жени не само што умеат да се облечат, туку умеат и да работат и да донесуваат одлуки и да бидат на чело н а најважните институции во градот.

Освен во РЕК! Од 1988 година кога комбинатот се викал ООЗТ Рудник Суводол во РО РЕК до денеска, нема маж што ќе стави жена за директор.

 

насловна фотографија: ВИ