ТЕРА

REKLAMA???

Училиштата Гоце Делчев и Ѓорѓи Сугарев со нови спортски терени

Во светот денес кој се движи со огромна брзина и во кој се случуваат постојани промени, спортот ја има најважната улога во воспитувањето и животот, особено на најмладите. Тој не е само можност за нивна физичка активност, туку и простор за личен развој, социјализација и учење на животни лекции и искуства.

Долго траат напорите да се обезбедат пристојни услови за реализација на часовите по физичко образование, а тоа е една од главните барем декларативни заложби на сите власти во доаѓање со децении.  Сепак вложените 310 милиони денари во спортска инфраструктура во битолските училишта претставува значително подобрување на сосотојбата во оваа област и е реално надминување на состојбите кои се провлекуваат со децении. Изградени се 24 спортски терени во битолските училишта, а продолжуваат и напорите за обезбедување и реконструкција на спортските сали.

Во тоа финансиски средства вложуваат и централната – преку поддршката на МОН, но и локалната власт.
Училиштето во најтесното централно градско подрачје Гоце Делчев по многу време доби спортски терени.

Еден друг факт потврден од двата примера кој денес ги разгледуваме уште повеќе раѓа некаква надеж, а тоа е еднаквиот принцип во пристапот.  И двете училишта и Гоце Делчев и Ѓорѓи Сугарев се примери за потврда на еднаквоста и создавањето еднакви можности за сите ученици во ова време на сурови економски правила и критериуми, статистики кој при донесувањето на одлуките ја бришат и забораваат човечноста и еднаквоста на сите деца.

Сепак, клучниот придонес од подобрувањето на спортската инфраструктура е фактот во подобрувањето на правилниот раст и развој на најмладите односно влогот во нивното здравје. А здравите поколенија се најдрагоценото за иднината на секој град, секоја држава.

Активностите за  подобрување на условите со спортската инфраструктура и подобрување на условите за одржување на наставата на часовите по физичко образование не смеат да застануваат и се одговорност на сите.