ТЕРА

REKLAMA???

Демант од Проф д-р. Моника Марковска

Почитувани,

Утрово до Нашата редакција пристигна е-маил од страна на полномошник адвокат на Проф. д-р Моника Марковска со прилог:

Барање за објавување на демант, исправка и јавно извинување во врска со нашите објави „Стратегија за развој на женско претприемништво или за измама?“; „Тендерски игри за женско претприемништво во Битола ?!“ и „Волонтерка на државна славина?!“. Објавите претставуваат само дел од Нашата истражувачка сторија, која во рамките на новинарската професија, ја обработува како тема Нашиот новинарски тим.

Ние како сериозен медиум, односно телевизиска куќа со регионална концесија, поведени пред се од начелата на транспарентност, објективност и проверка на сите страни на темите од сториите кои ги обработуваме сега и во иднина, без никаков проблем ќе го објавиме изворно и во целост пристигнатото барање од страна на Проф. д-р Моника Марковска, за да Вие како јавност можете да оцените дали во истото се алудира на евентуални суптилни закани за да повеќе oваа тема не се обработува од Наша страна или пак се дадени одговори со факти и докази, како се трошат Нашите пари од Буџетот на градот Битола.

Секогаш на страната на вистината,

Искрено Ваша ТЕРА Телевизија.