ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ОД МАРТ ЛАНИ ЗАВРШИ ЗА ЕДНА НОЌ, НО ПСИХОЛОШКАТА ПОСЛЕДИЦА ПРОДОЛЖУВА КАЈ РОДИТЕЛИТЕ КОИ ГИ ЗАГУБИЈА ДЕЦАТА, КАЈ ПРЕЖИВЕАНИТЕ, КАЈ МЛАДИТЕ, НО И КАЈ ЦЕЛАТА ЗАЕДНИЦА. РАЗГОВАРАВМЕ СО НЕВРОПСИХИЈАТАРОТ Д-Р БОШКО ТОМОВСКИ, КОЈ ГЛЕДАЈЌИ ЈА ТРАУМАТА НИЗ КОЈА МИНУВААТ СИТЕ ГРАЃАНИ НА КОЧАНИ, ОДРЖАЛ ТРИБИНА И НАПРАВИЛ РАЗГОВОРИ СО, КАКО ШТО ВЕЛИ СУДСКАТА ТЕРМИНОЛОГИЈА, ДИРЕКТНИ И ИНДИРЕКТНИ ЖРТВИ НА ТРАГЕДИЈАТА.
Година и половина или 568 дена изминаа од трагедијата во Кочани – опожарената дискотека „Пулс“ однесе 63 млади животи, а околу 200 млади имаа тешки изгореници кои до денеска ги лекуваат. Судскиот процес на обвинетите е во тек, а сите кои се директно вклучени се соочуваат со рочиштата повторно и повторно се враќаат на настаните и исходот кој повторно и повторно ја предизвикува емоционалната рана, која како да нема крај. Психолошките последици, траумата, чувството на вина, загубата и потребата за правда сè уште траат.
Младите го напуштаат Кочани. Студентите кои учат во другите градови зборуваат дека нивниот роден град е мртов град. Младите кои програмирањето и ИТ им е во прстите, живеат низ 20тината автокампови во државата, токму затоа што градот го опишуваат како град на духови.
Кочани е трагедија којашто не само кај нас, во Кочани односно Македонија, туку во светот се доживеа како колективна трагедија. Критикувајќи ја праксата на лекарите за препишување на лекови кај пациентите без претходен подлабок психолошки воден разговор, Д-р Томовски зборува за улогата на умот во однесуавањето на луѓето-психоменталните доживувања водат до психосоматски заболувања вели. Или, стара е изреката која вели „јадот ја јаде снагата“.
Трибината во Кочани за која д-р Томовскизборуваше не завршила со аплауц, туку со немо одобрување од присутните. Невропсихијатарот спец. Д-р Бошко Томовски е автор на неколку книги. Последната насловена „Нема поголема болка од болката во душата, за стресот, неурозите, анксиозноста, депредијата и паниката“ ја подарил на присутните кои, овојпат низ благодарницата на градоначалникот разбраа дека да се чувствува тага не е слабост ниту дека болката треба да остане невидлива.

Трагедијата е чиста, јасна, недвосмислена опомена.











