ТЕРА

REKLAMA???

Пожарот во Долнени е локализиран

Според информациитеод Територијалната противпожарна единица во Битола, пожарот што вчера дивееше низ полето околу новачкото село Долнени веројатно е предизвикан од човечки фактор. Причина за верувањето е затоа што во моментот кога екипите пристигнале на местото забележале дека започнал на две места, под патот и над патот.

Интервенирале со 5 возила и 16 пожарникари, но, дојавата кај нив стигнала кога локалното население го забележало, а дотогаш веќе биле опожарени 200 хектари трева и нискостеблеста шума.

Пожарникарите оцениле дека немало опасност по населението, ниту пак по имотите на околните домови. Но, предупредуваат иако температурите на воздухот се намалени , октомври може повторно да биде месец на пожари. Апелираат граѓаните да нег и палат стрништата, затоа што дневните температури се високи, а ветерот никој не може да го контролира.

ЦУК информира дека вчера на територија на целта држава активни биле 46 пожари, меѓу нив и тој во Долнени, а дека утринава 14 од нив се активни.