ДЕНЕСКА СВЕТОТ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ДОМУВАЊЕ. ТЕМАТА Е “СООДВЕТНО ДОМУВАЊЕ ЗА СИТЕ “ И ФОКУСОТ Е СТАВЕН НА ПОЛИТИКИТЕ НА ДРЖАВИТЕ ВО КРЕИРАЊЕТО ПРАКТИЧНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРАВОТО НА ДОМУВАЊЕ ДА СТАНЕ РЕАЛНОСТ. КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО БИТОЛА. ДАЛИ СИТЕ ШТО СЕ НАРЕКУВААТ БИТОЛЧАНИ ГО РЕАЛИЗИРААТ ОСНОВНОТО ПРАВИО НА СИГУРЕН И БЕЗБЕДЕН ДОМ?
Светот годинава се залага за инклузивен пристап кој одговара на потребите на домаќинстствата со пониски приходи. Вели Домувањето не е само квадратура, адреса и цена по квадрат. Тоа е прашање на сигурност, достоинство и можност едно семејство да живее нормален живот. А за тоа потребно е државите да обезбедат јавен односно социјален станбен фонд.
Од цените по квадрат на пазарот на живеалиштата, и статистиката, многу е мал процентот население кое купува станови за сопствен дом, овие кои чинат по 2 – 3 илјади евра квадратот. . Ги купуваат како инвестиција за натамошно изнајмување, вели анализата на специјалните македонски портали.
Ако се нема сооствено живеалиште, како на околу 90% од домаќинствата во државава, спроед пописот од 2021 година, треба да се изнајми. Оваа есен актуелните огласи за Битола, покажуваат станови од околу 160 до 250 евра, додека подобро опремените и становите во нови објекти достигнуваат 300, 400, па и 450 евра месечно.
Огласените цени посочуваат на финансискиот јаз меѓу пазарот и приходите на најранливите.
Затоа што ако просечната плата во јули оваа година била околу 48.500денари , тоа подразбира дека киријата може да биде и до 57% од просечната плата.
Социјална помош е предвидена за ранливите категории граѓани, кои својот социјален коктел го даваат на домување. Нега на друго лице, надоместок заради попреченост и слично што може да се движи меѓу 100 и 200 евра во денарска противредност. Но тоа сеуште не значи дека домувањето е решено. Семејствата кои добиваат различна социјална помош ја добиваат за своите животни потреби, тоа се често наменски пари, за лекови, помагала, асистенти, а не за кирија. Социјалната држава се појавува низ еднократна финансиска помош преку општините што изнесува 5.000 до 15.000 денари и засега во континуитет државна субвенција за сметките за струја. И тоа не значи решено домување.
Вториот значаен сегмент за остварување на правто на домување е постоењето или непостоењето на социјални станови во новата историја на државата, вклучително Битола. Јавен станбен фонд.
Последните социјални станови биле изградени и распределени под закуп пред 13ина години. Во јавно достапните информации нема податоци дали тие договори сеуште функционираат, ниту пак дали има семејства кои денес чекаат социјален стан.
Засега сеуште нема готова социјална зграда. Државата лани започна изградба на зграда со 65 станови кои требаше да ја задоволат потребата на семејствата на граница, со цена од 1.000 евра по квадрат во услови кога цената беше преку 1.200 евра за квадрат. Јавното претпријатие сеуште ја гради зградата, а најави изградба и на нова. Така, барем засега јавно е познато дека Битола би имала 130тина станови со пониска цена како социјална помош од државата. Сепак, становите не се класично социјални, за најзагрозените. Затоа што се на продажба, со лицитација.
Според Пописот 2021, во општината биле евидентирани 43.724 станови, за 30.154 домаќинства, додека во самиот град биле регистрирани 33.367 станови и 24.974 домаќинства. Но, бројот на станови сам по себе не кажува дали тие се достапни, населени, празни, сезонски или финансиски достижни за домаќинствата.
Слична, а сепак различна е состојбата на темава во поранешните југословенски републики. Во својата политика за домуавање предничи Словенија: за 2027 и 2028 година планира дополнителни 200 милиони евра за јавни најмени станови, а националниот станбен фонд во моментов има во работа или подготовка проекти за 2.524 јавни најмени станови. А најавува до 2035 година да изгради уште 20.000 јавни станови за изнајмување по цена најчесто половина од таа на пазарот.











