ТЕРА

REKLAMA???

ОД ЧКЕМБЕ ДО ФИЛМ И ОПЕРА: БИТОЛА ГРАД НА ФЕСТИВАЛИ – И ГРАД НА ЈАВНИ ПАРИ

БИТОЛА ДОБИВА УШТЕ ЕДЕН ФЕСТИВАЛ. ОВОЈПАТ НЕ Е ФИЛМСКИ, ТЕАТАРСКИ, МУЗИЧКИ ИЛИ ФОЛКЛОРЕН, ТУКУ ГАСТРОНОМСКИ. ОД 9 ДО 11 ОКТОМВРИ ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ „ЧКЕМБЕ ФЕСТ БИТОЛА 2026“ – МАНИФЕСТАЦИЈА КОЈА САКА ОД ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЧКЕМБЕ-ЧОРБА ДА НАПРАВИ ТУРИСТИЧКИ И КУЛТУРЕН БРЕНД.

Во градот кој веќе има фестивал за филмска камера, фолклор, класична музика, џез, театар, Шекспир, млади, староградска музика и култури од светот, сега на фестивалската карта се додава и  чкембето, или шкембето, како милувате.

И не само како чорба.

Првото издание на „Чкембе Фест“ предвидува гастрономски натпревари во три категории:  подготовка на традиционална чкембе-чорба, мезе од чкембе и специјалитет од чкембе. Покрај натпреварувачкиот дел, најавени се изложби, органска храна, ракотворби, фолклорни ансамбли и естрадни настапи, како и туристичка тура за гостите и учесниците.

Најавениот „Чкембе Фест“  за своја водечка нота ја има гастрономијата, традицијата на битолското поднебје да се јаде чкембе чорба, дури и културните и физички обележја кои битолчани ги развиле со векови наназад: колектуивниот прекар е Чкембари, во физикусот на шаката имале искривенио мало прсте од носење на исчистените шкембиња.

Музиката, забавата е неизбежен дел и од овој фестивал. На тридневната програма се најавени вокални солисти, музички групи, хорови, фолклорни ансамбли и играорни групи.

Според познавачите, новонајавениот фестиавл  влегува во една веќе добро развиена битолска фестивалска матрица: храна, музика, културно наследство и традиција како водечка реклама и , развој на туризмот како намера и стремеж. И, овој фестивал би бил само еден од 20тината фестивали за кои општината одвојува пари.

Општина Битола во својата Програма за култура за 2026 година има издвоено 8,75 милиони денари директно за 18 наведени фестивалски проекти. Најголемата поединечна ставка е фестивалот „Браќа Манаки“ , 3 милиони денари. За „Илинденски денови“ се предвидени 800 илјади денари, за „Битола отворен град“ 600 илјади, за Шекспир фестивалот 600 илјади, за еден театарски и два музички детски фестивали вкупно 800.000 денари, додека повеќето останати фестивали се поддржани со суми од 100 до 500 илјади денари, како фестивалот на класична музика „Интерфест„ за кој беа предвидени 300.000 денари и „Белата ноќ на Широк сокак“ што е „исто“ како „Интерфест“ и „Браќа Манаки“ интернационален фестивал и годинава доби 500.000 денари. Ова не е вкупниот трошок за фестивалскиот живот на градот. Во фестивализацијата на градот ги има уште одбележувњето на 4-ти ноември, за кој годинава се предвидени 900.000 денари, бројни културни манифестации кои траат неколку дена и се со различни формати на финансирање. Дел од овие се целосно покриени од Општината, дел и од Министерството за култура, сите си бараат дополнително спонзори за да ги покријат трошоците. Чадорот на поголемиот дел од фестивалите е БИТФЕСТ за кој Општината за годинава планираше 3,200.000 денари посебни пари, кои , како што најавија не беа за продукциски проекти.

Уште 3 милиони денари на овие се оставени за „Дополнителни културни, нови и манифестации/настани од особен интерес кои не се поддржани од програмата и не се вклучени во Бит Фест, Зимска приказна и прослава на 4-ти Ноември.“

Во Програмата за Туризам предвидени се уште вкупно 9 милиони денари: 1,500.000 за НП Пелистер, дури 6 милиони денари за „Зимска приказна“ и 500.000 денари за “здруженија на граѓани за туристички активности од јавен повик“.

Се на се, на хартија предвидени се 30-тина милиони денари за фестивали. Што е добро,  кога се земе аспектот дека некој нешто работи. Но, има и друг агол на приказната што прашува каде е границата, пред да започне караницата.

Организаторите на најновиот битолски, овојпат гастрономски фестивал,  велат дека целта е од првото издание да се стигне до традиционална меѓународна манифестација и гастрономски бренд. Ако им успее тоа може да значи дека чкембе-чорбата или специјалитетите од чкембе ќе  биде дополнително вообличување на сите  музички, детски, театарски и филмски фестивали што се реализираат со јавни пари.