ТЕРА

REKLAMA???

Опозицијата бара вонредни седници за Алта Банка

Актуелните случувања со Алта Банка АД Битола предизвикаа и силен политички и институционален бран во градот. Локалната опозиција, загрижена за безбедноста на јавните средства и финансиската стабилност на граѓаните, покрена две паралелни иницијативи за итно свикување на општинските тела.
Првиот чекор го направи советничката група на „Поинаку“, која со поддршка на опозициските советници од СДСМ, Левица и ЛДП, поднесе официјално барање за свикување вонредна седница на Советот на Општина Битола. Од независната иницијатива бараат седницата да се одржи в четврток, на 5 ноември, со единствена точка на дневниот ред: детална информација од градоначалникот за тоа кои јавни претпријатија и општински институции ги чуваат своите пари во Алта Банка. Советниците бараат информација кога овие институции станале депоненти, со колкав јавен капитал се изложени во моментов и какви насоки и чекори презема општината за заштита на парите на битолчани.
Истовремено, советничката група на СДСМ и коалицијата најави дека ќе поднесе барање за свикување уште една, итна седница, овој пат на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на Општина Битола. Од СДСМ истакнуваат дека загриженоста на битолчани кои се коминтенти на банката е огромна и дека целта на барањето е да се отвори широк дијалог меѓу сите релевантни чинители.
Дали и кога ќе се одржат седниците што опозциските советници ги бараат, треба да одлучат надлежните општински тела.