ТЕРА

REKLAMA???

НОВИ ГРУПИ НЕЗАЛОВЕНИ И НЕЧИПИРАНИ КУЧИЊА СЕ ПОЈАВУВААТ ВО ГРАДОТ. НАДЛЕЖНИТЕ ОЧИГЛЕДНО НЕМААТ РЕШЕНИЕ И ПОКРАЈ ЗАКОНСКИТЕ МОЖНОСТИ И ПОСТОЕЊЕТО НА ПРИФАТИЛИШТЕТО „ХАЧИКО“.

Веќе е хроничен проблемот во справувањето со бројот на бездомни животни. Деновиве регистриравме нова банда во градот којашто внимателно ги следеше купувачите на пекарските производи од кај Џеко.

Како што времето се претвора во зимско, така и кучињата се групираат и стануваат глутници кои го дефинираат битолскиот животен простор. Чести се нивните хиерархиски битки за доминација, при што граѓаните во страв може да бидат само неми сведоци.

Проблемот е предмет на тензичкни дискусии на седниците на Советот на Опптина Битола. Советниците жестоко расправаат за капацитетите и ефикасноста на прифатилиштето „Хачико“, трошоците за одржување и храна на заловените кучиња, исплатата на високи парични надоместоци за граѓаните каснати од улични кучиња. Но, нема предлог за поуспешна стратегија, ниту пак успех во работата на локалната власт.

И покрај тоа што Законот за заштита и благосостојба на животните и новите предлог-решенија пропишуваат строги правила, прашањето за нивната примена останува критично. Законот предвидува глоби од 400 евра па сè до неколку илјади евра за несоодветно чување, шетање без поводок или напуштање миленици, како и трајна забрана за држење животни за прекршителите.

Надлежноста за контрола и спроведување на овие мерки е поделена помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку нејзините инспектори, како и општинските комунални инспекции и редари кои треба да вршат надзор на терен. Сепак, поради хроничниот недостаток на инспекторски кадар и слабата меѓуинституционална соработка, овие строги правила на хартија ретко прераснуваат во функционален систем и секојдневни контроли на теренот.