ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА СЕРИЈАЛОТ „ЧУЈТЕ СРБИ, ЧУВАЈТЕ СЕ СЕБЕ“

Започна уште еден серијал  на емисии на српски јазик во соработка со Заедницата на Срви во Македонија  од Битола.
Oвој циклус на емисии ќе информира за сите актуелни збиднувања,  важни настани и случувањата кои ја пратат оваа година.
На тој начин ќе ја негува културата на сеќавањето.
Првата е емисијата  посветена на големиот и значаен јубилеј 110 години од Кајмакчаланската битка.
Во Битола со полагање свежо цвеќе на српските воени гробишта официјално започна комеморативната програма за одбележување на 110-годишнината од кајмакчаланската битка, еден од најзначајните и најсуровите воени судири на солунскиот фронт за време на првата светска војна.
Организатор на оваа дводневна манифестација беше Заедницата на Србите во Македонија – Битола. Кајмакчаланската битка се водеше од 12 до 30 септември 1916 година помеѓу српските и бугарските сили во рамките на Битолската офанзива. Стратешки поставена на врвот на планината Ниџе (2.524 м.н.в.), оваа позиција важеше за клучна точка за контрола врз Пелагониската Котлина и патот кон Битола. Главниот товар во повеќенеделните борби го поднесе Дринската дивизија, предводена од полковникот Крста Смиљаниќ, заедно со доброволечките одреди на војводата Вук. Борбите се водеа на екстремна надморска височина, под жестока магла, ледени ветрови и снег, а војниците поради плиткиот слој земја градеа заштитни барикади од камени плочи. Врвот неколку пати преминуваше кај едната или другата војска. По 18 дена непрекинати и сурови борби, на 30 септември 1916 година, српските сили дефинитивно овладеа со врвот. Во оваа операција српската армија претрпе огромни загуби . Околу 5.000 војници беа загинати, ранети или исчезнати, од кои најголем дел од составот на Дринската дивизија.
Во присуство на високи политички гости од Македонија и Србија, во зградата симбол на српското управување со градот од минатото – Офицерски, беше испратена порака дека Кајмакчалан не е само место на воена историја, туку и симбол на сеќавањето и жртвата. Историскиот осврт на дамно минатото време врз кое се гради денешниот македонско-српски соживот понуди и документарен филм за битките на Солунскиот фронт. Присутните имаа можност и да слушаат изворна српска  песна. Котите на Кајмакчалан до кои војската стигнувала со големо крвопролевање или се повлекувала , пак со огромен број на жртви, во битката за Битола под заедничко име српската војска ги нарекувала „Капија на татковината“.

Како нем сведок денес на самиот врв стојат воената костурница и спомен-капелата „Св. Петар. На врвот Кајмакчалан на самата македонско грчка граница се наоѓа Црквата „Св.Петар“.Во црквата има и камбанарија.

Во чест на загинатите војници се одржа помен. Веднаш до црквата се наоѓа и костурница во која се собрани коските на војниците од Солунскиот фронт кои останаа без гробови, односно се чуваат черепите на мртвите српски војници.Што значи симболот „Наталија Рамонда“ и зошто српскиот народ токму овој цвет го носи на реверите на денот на победата?  Наталија Рамонда е позната во ботаниката како „цвет феникс“ поради својата неверојатна способност за анабиоза. Овој ендемски цвет расте на подрачјето на Централниот Балкан .Особено е распространет на планината Ниџе, чиј врв Кајмакчалан бил поприште на една од најважните, најславните и најкрвавите битки за српската војска на Солунскиот фронт.Пронаоѓањето на цветот токму на местата каде што загинале илјадници војници му дава дополнителен историски пиетет.

На 17 септември Првата и Втората српска армија го пробиле Солунскиот фронт, што беше пресудно за пропаѓањето на Централните сили во Првата светска војна.Месец и пол подоцна капитулирала Австро-Унгарија, а набргу потоа и Германија.Од почетокот на воените операции на Солунскиот фронт до ослободувањето на Битола, српската војска загубила речиси 29.000 луѓе.

Битката на Кајмакчалан , 110 години на сеќавање на жртвите но и порака за иднината.