ТЕРА

REKLAMA???

Аларм од Битола: стар проблем нов ризик на железничките премини

Битолчани денеска до нашата редакција испратија кусо аматерско видео снимено од автомобил кој само заради големото внимание застанал пред железничката пруга во близина на населбата Карпош.

Без никаква светлосна ниту звучна сигнализација којашто треба да ја има на коловозот кој се вкрстува со железничката пруга, возот си минувал по својата траекторија.

За волја на вистината, машиновозачите во последно време низ населените места минуваат многу бавно и често свират предупредувајќи ги сите. Затоа што со најавата дека се реконструираат железничките патиште, не е ретко ваквата состојба.

Сепак!

Граѓаните се негативно изненадени. Најпрвин затоа што градов памти чести вакви инциденти, службите бележат и смртни случаи. Оттука, реакциите на загриженост неможе да се отфрлат – првото прашање е доколку се случи несакана последица – кој ќе одговара.