ТЕРА

REKLAMA???

Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со забрзана динамика

Автопатот Прилеп-Битола се гради со забрзана динамика, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот „100 дена локална власт“ во Општина Прилеп.

Николоски најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој на градот Прилеп.

„Сакам да кажам три работи коишто сметам дека се исклучително крупни и значајни за градот. Прво дека интензивно се работи на автопатот од Прилеп до Битола и очекувам дека во текот на оваа година ќе ги видиме и првите километри асфалт. Инаку, таму рокот е  до крајот на следната година, и тој рок ќе биде запазен“, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски посочи дека локалната самоуправа работи на проектот за изградба на транзитна обиколница за тешките возила да не влегуваат во градот.

„Градоначалникот амбициозно работи на проектна програма со цел да се направи транзитна обиколница со цел тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што беше ветувано децении наназад од многу градоначалници, тој е прв што реши да прави ваква програма и ете од тука да дадам јавно ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и тој ќе биде реализиран во рамки на  неговиот мандат. Финансиските средства ќе ги обезбеди Владата и трето во интензивно преговори сме, мислам дека во следните месец, до месец и пол, ќе видите активност во Собранието за она што го ветив, автопатско решение од Фариш до Прилеп. На тој начин Прилеп од двете страни ќе биде поврзан со автопат“, додаде вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека Владата и понатаму ќе продолжи да дава сериозна поддршка за Општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот Прилеп.