ТЕРА

REKLAMA???

Кога системот „Безбеден град“ ќе стигне во Битола?

Системот за видео-надзор и контрола „Безбеден град“ до крајот на оваа година ќе биде целосно функционален на територијата на целата држава, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тоа значи дека во истиот рок системот треба да биде функционален и во Битола.
Се работи на етапна имплементација според техничките можности. Ова значи дека проектот не се воведува истовремено насекаде, туку се одвива во фази кои зависат од техничката подготвеност на секоја општина поединечно.
„Секогаш кога ќе се создадат технички услови на локално ниво, системот ќе биде веднаш пуштен во употреба. Нема да се чека сите градови да бидат подготвени во ист момент“, појасни министерот.
Според него, примарната цел на овој проект е создавање побезбедна средина за сите граѓани, а првичните резултати веќе покажуваат значителен напредок во сообраќајната безбедност.
Според досегашната статистика над 70.000 прекршоци се регистрирани за само три месеци. Најголем дел од казните се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.
Паралелно со воведувањето на системот, се појави и нов вид на измама. МВР веќе упати сериозно предупредување до јавноста за лажни СМС пораки кои пристигнуваат до граѓаните за наводни сообраќајни казни.
Во советите од МВР се апелира да не се отвораат сомнителни линкови во пораки, да не се споделувааат лични податоци или податоци од картички и веднаш да се направи пријава на пораката до надлежните служби.