ТЕРА

REKLAMA???

БитФест-добра култура или прескапа традиција ?

Денеска во Културниот и информативен центар во Битола се одржа прес конференција за 18-то издание на збирот културни настани за сечиј вкус – БитФест. Ќе има 70 проекти, културни настани  од големи веќе реномирани имиња од културата – институции и поединци.

Но и денеска организаторот ја ускрати информацијата за тоа колку ќе ги чини граѓаните задоволството на летната шема во скоро секоја локација погодна за концерти, театарски претстави, целосни повеќедневни фестивали.

Или, повторно БитФест почнува, но и дилемата, дали е добра култура или само скапа традиција?

Прашањето се наметнува по отсуството на одговори – колку вкупно чини, колку пари биле планирани во општинскиот буџет и програма за култура, за колку настани граѓаните ќе мора да платат влезници (или според нашиот менталитет, да ги побараат своите партиски врски)?

Колку настани ќе бидат со наплата на влезници, колкав приход се очекува од нив, не беше прецизирано. Не беше прецизиран ни економскиот односно туристичкиот ефект што е во основа очекуваната додадена вредност на ваквите повеќемесечни летни културни фестивали.

Комисија на докажани и компетентни културни дејци во градот на конкурсот објавен од КИЦ разгледувале 140 комплетни понуди за културни настани.

Имаат сериозна критика на отсуство на идеја и фантазија кај предлагачите, кои во култура барале брза заработка.

Засега новинарскиот заклучок се наметнува сам по себе, на две години пред дваесетгодишниот јубилеј БитФЕст доби нов организатор и нова програмска филозофија, но ја задржа старата дилема – колку длабоко навлегува во џебот на граѓаните со кој сепак управува Општината?

А, транспарентноста на општината пак не започнува со крајот на фестивалот, туку пред да започне.