Учесниците во неделната анекета на ТЕРА не стравуваат од можен бран на поскапувања и покрај фактот дека во светот има две војни и се опоравува од ковинд пандемијата, кога се беше затворено.
На последната анкета
- 31,11% велат „да, значи стравувам“
- 68,89% велат „не, не стравувам“
На ваквите одговори, социолозите и психолозите имаат свој одговор. Двете експертизи се спојуваат во заклучокот дека луѓето веќе живеат во состојба на хронична економска несигурност и затоа новиот бран поскапувања веќе не го доживуваат како шок, туку како „нормална закана“.

Социолшки, резултатите покажувале не толку отсуство на страв колку адаптација на населението на перманентна криза. Од досегашните инфлациски притисоци, постојано местабилни цени и постојаната ниска куповна моќ. Чувството дека се поскапува преку ноќ и дека секој ден може да треба да се откаже од нешто помалку потребно во интерес на основните намирници води до создавање на специфичен социјален механизам кој не значи дека не стравуваат, туку веќе се навикнале, или според некои „плашењето дека нешто ќе се нема “ станало луксуз. Луксуз е и размислата за поголеми трошоци, затоа што војната на Блискиот исток се пресметува низ економијата на кујната.

Психолозите овие резултати ги толкуваат како „отапеност“ на кризи, затоа што само 30тина проценти отворено го покажале својот страв. Триесеттина анкетирани кажале дека имаат понизок праг на финансиска сигурност. Скоро 70 проценти од анкетираните покажале дека се или во т.н кризен замор, или научена беспомошност или во прагматична отпорност изразена преку ставот – што е тука е, ќе се снајдиме.
Според социолозите граѓаните не живеат во чувство на економска сигурност, туку во состојба на приспособена неизвесност.












