ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИ ВЕЛАТ – ТРЕБА ПРОМОЦИЈА И РАЗВОЈ НА „ЗЕМЈОДЕЛСКОТО“

Повеќе од еден век, Средното земјоделско училиште во Битола создава кадри во земјоделството и ветеринарството- струки без кои не може да опстане ниту еден земјоделски сектор. Одлуката да нема уписи на ученици во следната учебна година предизвика силни емоции во битолската јавност и се доживеа како губење на уште еден белег што Битола ја прави посебна.

Ослободени од локалпатриотски емоции, најавата за тивко гасење на вековната  традиција, ја отвора дилемата дали се работи за погрешна образовна политика или за последица на долгогодишни проблеми ?

Каков е ставот на нашите сограѓани во однос на оваа тема ?