ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИТЕ СТОМАТОЛОЗИ И АНЕСТЕЗИОЛОЗИ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ЗА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Пелагонискиот регион има само еден стоматолог со искусво за работа со деца со посебни потреби. здравствениот дом и болницата најавуваат соработка во интерес на граѓаните. Проблемот сепак не е во стоматолозите, туку во недостатокот на анестезиолошки кадар во градот којшто треба да биде вклучен во медицинската подготовка на децата кои се со пречки во развојот или едноставно не соработуваат и тешко комуницираат за да може да се направат поголеми интервенции на забалото. Примарната и превентивна заштита се спроведува од најмали нозе, во образовните институции, но, проблемот се појаува кога ќе има потреба од поголеми интервенции – пломбирање или вадење на заб.

За проблемот алармираа родителите од здружението „Невроразлични“ , а обраќајќи се кај најголемите институции од јавното здравство кај нас, иницираа нивни средби. Тоа резултира со серија административни постапки кои и Здравствениот дом и Клиничка Болница ги презедоа за да може сите граѓани на Битола и пелагонискиот регион да имаат квалитетна здравствена стоматолошка заштита.

Ова подразбира дека децата со различни видови на попреченост и нивните родители наскоро во Битола ќе ја имаат можноста за здравствена стоматолошка заштита овде, без да треба да одат на скопските клиники.  Ова е договор кој го реализираат Клиничка Болница и Здравствениот дом „Хаим Абраванел“ . Сите стоматолози умеат да ја пружаат здравствената заштита на сите деца, вклучително и тие кои се со т.н посебни потреби, вели директорката на Здравствениот дом Билјана Лозановска.

Сепак Бети Крстановска е стоматологот кој го има најдоброто искуство во Здравствениот дом и во соработка со анестезиолозите од Клиничка Болница ќе ги реализира интервенциите кои бараат општа анестезија или силна седација на деца кои не соработуваат, односно како што вели таа не комуницираат најдобро. Таа ги поздравува напорите на двете здравствени институции за излегување во пресрет на барањата и постребите на родителите на децата со пречки во развојот.

Административните процедури го вклучуваат и министерството за здравство, и сите други надлежни здравствени институции, велат раководителите на Здравствениот дом и на Клиничката Болница, а тоа значи дека наскоро состојбите ќе бидат променети и пациентите од Битола – родителите и нивните деца ќе ја имаат можноста за избор каде да се лекуваат.