Мештани на населбата Буковски ливади деновиве се обратија со реакција до ТЕРА телевизија. Регираат на како што велат постојано загадување на малата река која тече во непосредба близина на нивната населба.
Еве каква глетка затекна нашата екипа која излезе на терен. Расфрлан отпад, многу пластички шишиња и најлони го загадуваат течението на реката.

Дури и мостото се користи по се изгледа несовесните минувачи да се ослободат од сметот на лесен начин фрлајќи го преку оградата в река.
Запуштен и оштетен останал и стариот дрвен мост кој некогаш можеби служел за да се премине преку реката, а сега не е безбеден за движење по него.












